Novak's Blog

Posts Tagged ‘Злато

Без разлика дали стоките, услигите или другите добра се плаќаат со валути или со “Алтани”, тие треба да имаат некаква вредност и целисходност за тој што ги набавува и за тој што ги продава. Златото служи само како гарант дека стабилноста на одредени валути нема да колабира во овие турбулентни времиња. Е сега прашањето е кои се најголемите добавувачи на стоки, услуги или други добра (суровини, полу-суровини, крајни производи), т.е. кои земји можат најмногу да понудат и да извезат на светскиот пазар и кои можат да издржат во услови на глобална криза? Одговорот е едноставен, оние земји кои поседуваат најголеми ресурси (без разлика природни или човечки) т.е. Русија и Кина.

 

Gold Bar Boullion 002

Gold Bar

Првите (Русија) се најголеми извозници на природни ресурси, (не само енергенси) да не заборавиме дека во светската трговија не е само златотот гарант, има и други замени за племенитите метали а тоа се скапоцените камења, кои се уште поретки од племенитите метали и со тоа носат со себе и далеку поголема вредност и на кои стварно со време во ниту еден случај не им паѓа вредноста, туку напротив само им се зголемува. Русија е една од оние земји кои имаат на располаганје достојни резерви како на сурови скапоцени камења, така и обработени скапоцени камења кои носат со себе и додадена уметничко-естетска и историска вредност. Таа може доколку посака да го наполни буџетот, да исфрли на пазарот одредена количина на скапоцени камења и со тоа сериозно да ја разниша вредноста не само на западните валути туку и на вредноста на златото, како што правеше во минатото СССР за да ги финансира сопствените потфати. Од друга страна константната побарувачка на енергенси и секако значителниот придонес на Русија во глобаланото снабдување и дистрибуција на истите енергенси им носи завиден прилив на средства на Русите, тие средства не се испорачуваат во Злато туку во валути. Затоа на русите и не им одговара да има слаб долар или евро, но реалноста е таа што западната хемисфера нема што да им понуди на останатите земји во светот освен високо интелектуални услуги и висока технологија, која пак земјите како Русија и Кина ги “купуваат” од западот со истите валути што овие им ги даваат за суровините што им се испорачуваат на запад.

Faberge Egg

Faberge Egg

Кина пак од друга страна, е една Хипер-Фабрика со своите човечки ресурси и засега служи како огромна евтина индустриска зона, во која од цел свет производителите ги лоцираат своите капацитети, тоа си има погодности за големите глобални корпорации но и сериозни импликации за западните општества каде што веќе ништо опипливо не се произведува освен во најлуксузните и подоходовните индустриски сфери. Повторно на Кина за производите што се извезуваат од таму им се плаќаат огромни суми и вредноста на тие стоки од година во година се зголемува, а кинезите како мудра нација си го држат Јуанот на доста ниско ниво за нивните стоки да бидат атрактивни што е можно подолго време и Кина да остане на врвот во производството на стоки за широка потрошувачка, тоа е нивната филозофија и со тоа они ја зацврстуваат својата економска супремација над остатокот од светот. Истотака како една од најмудрите нации, кинезите тие исти тешко запечалени странски валути ги користат за да ја развијат сопствената дрзава, купувајќи го скапоценото know-how (меките, неопипливи, интелектуални и консултантски услуги) од западот и влужувајќи во развивање на сопствени технологии базирани на западните. Како и на Русија така и на Кина не им одговара западните валути да паѓаат во однос на нивните, и токму тие две земји сега се јавуваат како најголемите кредитори на западните земји особено на САД и на земјите од ЕУ, дури за да не се знае дека купуваат толку многу и Русија и Кина се слузат со трети лица за да одкупат што е можно повеќе државни обврзници од најризничните земји за да ги одржат на површина. Дека и на Русија и на Кина не им одговараат високите цени на златото, пд една страна тие веќе го имаат во големи количини кај нив и неможат да го пласираат на светските берзи без да предизвикаат пад на вредноста на златото, од друга страна неможат да го користат како платежно сретство за подмирување на цехот за услугите и производите што би требало да ги платат кон други земји, затоа што валутата секогаш е во побарување. Затоа не треба да се следат советите на инвестиционите лидери, гуруа и со слични перипетии насловени милјардерите на западната хемисфера. Златото сега се користи само за да си ги девалвираат сопствените валути за да можат по поевтина цена да ги набавуваат за нив премногу битните ресурси и стоки, а од друга страна да можат за поскапо да си ги наплатат сопствените услуги и високо технолошки производи кои ги извезуваат во останатите земји во светот. Ние како мала земја се наоѓаме во милост и немилост на овие Џинови на светската сцена и ако сме паметни ќе си гледаме како да си ја спасиме сопствената глава за да не ни биде згмечена од големите потези на глобалните играчи. 🙂

Прашање, Што кога златото ќе ја постигне својата максимална вредност? И зошто сега да се купува злато?

Кога веќе сите инвеститори од голем калибар веќе вложија во тоа злато на берзите пред неколку години кога беше евтино. Истите тие сега сакаат да го насскаат широките народни маси да вложуваат во злато кога на нив им одговара, за да го продаваат по се повисоки цени. Друго кој гарантира дека златото ќе остане на високо место по побарувачка, јас сепак мислам дека Платината има и ќе има поголема вредност од златото, не само дека е поретка, туку и дека технолошки е попгодна за идните технологи што се планираат за поблиска и за подалечна иднина. Златото во суштина се помалку ќе се користи во технологијата во иднина и со тоа побарувачаката, а и вредноста негова ќе паѓа. Доколку се сетиме дека најголемите Инвеститори од Западниот свет големото нивно богоатство го имаат заработено на големите шпекулации што се шират на светските берзи, тогаш кој гарантира дека современата “Златна Треска” не е само уште една нивна шпекулација, за да заработат плус уште некоја милјарда.

Gold Bar Boullino

Gold Bar



  • Нема
  • madbuldog: Токму така Едис, ти благодарам на коментарот. Поздрав
  • Edis Sejfula: Целосно се согласувам, бидејќи тие што ги вложиа нивните пари во злато, тоа го напр

Категории